мај 15, 2023
Одбележување на 8-ми мај – Светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина
Во рамките на Неделата на Црвен крст на РСМ (8-15 мај), Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово го одбележа 8-ми мај Светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина, организирајќи настан на Градскиот плоштад на ден 13.05.2023 година. Целта на настанот беше претставување на работата и активностите на нашата организација.
Поставени беа промотивни штандови преку кој минувачите ги запознававме со работата на Црвениот крст на локално и национално ниво. На самите штандови имаше мафини кои волонтерите сами ги подготвуваа и декорираа со шлаг, како и пуканки кои беа изготвени во просториите на ООЦК Куманово. Исто така, имаше бонбони, сокови и леден чај, а секој случаен минувач имаше можност бесплатно да се послужи со нив. Имаше изложено и нараквици изработени од волонтерите, а кои се продаваа на самиот штанд.
Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина се одбележува секоја година на овој датум во чест на Анри Динан, основоположникот на ова движење, кој е роден на 8 мај 1828 година.