април 7, 2022

Одбележување на 7-ми април-Светски ден на здравјето

⛑Црвен крст на Република Северна Македонија- општинска организација Куманово во соработка со Здружение на диабетичари на Куманово и OСTУ ,,Наце Буѓони’’ се вклучи во одбележување на 7-ми април-Светски ден на здравјето со цел подигање на свеста за здравјето на луѓето.
👫Волонтери од Црвен крст на РСМ-Општинска организација Куманово на Градскиот плоштад заедно со 👫учениците од ОСТУ ,,Наце Буѓони’’ поделија флаери со препораки за заштита од превенција од шеќерна болест. Исто така извршија мерење на шеќер во крвта и мерење на крвниот притисок на вкупно 156 лица.⛑
< врати се назад