април 17, 2021
Одбележување на 17-ти Април- Ден на хемофиличари
Црвен крст на Република Северна Макдонија- oпштинкска организација Куманово во рамките на активностите на Клуб на млади го одбележа 17- ти април- ден на хемофиличари.
На ден 17.04.2021 година на ЗООМ апликација се одржа онлајн предавање од страна на Ирена Ќосевска– претседател на Здружението на граѓани со Коагулoпатии Хемо-Вил Илинден заедно со Драги Лулевиќ член на ова здружение. Во самата презентација беше објаснето што е хемофилија, какви типови и форми на хемофилија постојат, како се пренесува, кои се симптоми за оваа дијагноза и на кој начин се третира. Предавањето беше проследено од страна на волонтери од Клубот на млади и ученици од ОСТУ”Наце Буѓони” и беа присутни 20 учесници.