јуни 14, 2022

Одбележување на 14 јуни- Светски ден на крводарителството

На ден 14.06.2022 година, во Занаетчиски дом Куманово, се оддржа свечена седница на која беше одбележан 14 јуни- Светски ден на крводарителството.
Присутните крводарители, членови и волонтери на Црвен крст Куманово, најпрвин ги поздрави Претседателот на Црвен крст на Република Северна Македонија – општинска организација Куманово Д-р Нухи Јусуфи, по што следуваше доделување на благодарници и признанија на повеќекратните крводарители за 2019, 2020 и 2021 година, кои дарувале крв 5, 10, 25, 50 и 75 пати. Крводарителите со 50 и 75 пати дарувана крв добија и плакети во знак на признание за искажаната хуманост како и пригоден подарок.
Светскиот ден на крводарителството е ден кој се одбележува со цел да се искаже благодарност на крводарителите како важен фактор во обезбедување на доволно количество резерви на крв како и промоција на крводарителството и негово афирмирање.
< врати се назад