
Одбележување на Светски ден на борба против трговија со луѓе во соработка со СВР Куманово
Во рамките на Светскиот ден на борба против трговија со луѓе, Црвен крст Куманово во соработка со СВР Куманово на ден 16.10.2025 година реализираше заедничка активност со едукативно информативен карактер.
Активноста се одржа во централното градско подрачје, каде што волонтери на Црвениот крст заедно со претставници од СВР Куманово делеа информативни пораки и летоци на случајни минувачи, со цел подигнување на јавната свест за сериозноста на трговијата со луѓе како глобален и локален проблем.
Граѓаните имаа можност да добијат совети за превенција и заштита, како и информации за тоа како да препознаат ризични ситуации и каде да се обратат доколку се сомневаат на можен случај на трговија со луѓе.
Со оваа активност, Црвен крст Куманово и СВР Куманово уште еднаш ја потврдија својата заложба за превенција, едукација и заштита на човековите права, како и значењето на заедничкото делување во справувањето со современите општествени предизвици.











































