
Одбележување на Неделата на борба против туберкулоза
Во периодот од 14 до 21 септември 2026 година, Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово ја одбележа Неделата на борба против туберкулоза под мотото „Да! Можеме да ставиме крај на ТБ“.
Во рамки на одбележувањето беа реализирани 5 едукативни предавања, на кои учествуваа вкупно 176 младинци, наставници, соработници и волонтери од Клубот на млади.
![]()
Волонтерите изработија хамер со приказ на белите дробови, како симбол на здравјето и важноста од навремено препознавање и спречување на болеста. Изработени беа и флаери со информации за симптомите на туберкулоза, кои беа поделени од страна на училишниот клуб при ОСТУ „Наце Буѓони“, со учество на учениците од здравствената струка.
![]()
Со овие активности се истакна значењето на информираноста, превенцијата и навременото лекување на туберкулозата. Едукацијата и подигнувањето на свеста остануваат важен дел од борбата против оваа болест.


















































