октомври 26, 2026

Одбележување на Неделата на борба против шеќерна болест

❤️ Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово, во периодот од 10 до 16 октомври 2026 година, ја одбележува Неделата на борба против шеќерна болест под мотото „Здрави животни навики во превенција на дијабетес“.

📅 На 14 октомври 2026 година, во просториите на Црвениот крст – Куманово, се одржаа едукативни предавања за шеќерната болест (Diabetes mellitus), на кои присуствуваа 40 лица на возраст од 40 до 60 години.

👩‍⚕️ Присутните се запознаа со видовите дијабетес, симптомите и знаците на болеста, како и со значењето на правилната исхрана, редовната физичка активност и здравите животни навики во превенцијата и контролата на дијабетесот. По предавањата беше извршено и мерење на нивото на шеќер во крвта, со споделување соодветни совети и препораки.

🩸 Дополнително, пред зградата на Црвениот крст – Куманово, волонтерите на 50 граѓани им го измерија крвниот притисок и нивото на шеќер во крвта, со цел подигнување на свеста за важноста на редовните здравствени контроли.

🤝 Со овие активности, продолжуваме да ја унапредуваме здравствената едукација и да поттикнуваме здрави животни навики, затоа што превенцијата е најдобрата грижа за здравјето!

< врати се назад