април 23, 2024

Одбележување на “Недела на солидарност”

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово под мотото: “ Вашиот прилог – значајна помош”, од 15 до 21 април 2024 година ја одбележа традиционалната Недела на солидарност. 
Во рамките на неделата Општинска организација Куманово дистрибуираше 75 прехранбени пакети од собирни акции кои се спроведоа со поставување на пунктови за донација во ТЦ Сума и Елида маркет. Хуманитарните пакети беа поделени на социјално загрозени семејства од Општина Куманово, Липково и Старо Нагоричане.
И оваа година според предвидениот план, правните субјекти и граѓаните од Куманово беа навремено известени за времетраењето на собирната акција за помош во храна, облека, обувки, средства за хигиена и парични прилози, со цел навремено прибирање на донации.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
< врати се назад