октомври 26, 2026

Oдбележување на Европскиот ден на борба против трговија со луѓе

📅 На 19.10.2026 година, во просториите на Црвениот крст – Општинска организација Куманово ❤️, по повод 18 Октомври – Европскиот ден за борба против трговијата со луѓе 🌍, се одржа информативно-едукативна работилница на тема „Борба против трговијата со луѓе“ 🚫👥.

🎯 Активноста беше наменета за млади од основните и средните училишта 🎒📚 и волонтери на ООЦК Куманово ❤️🤝, со цел подигнување на свеста за ризиците од трговијата со луѓе ⚠️, начините на регрутирање и експлоатација, како и препознавање на опасностите при комуникација со непознати лица, особено преку социјалните мрежи 📱🔒.

🎬 Во рамки на работилницата беше проследен и филмот „Трговија“, преку кој учесниците имаа можност подетално да се запознаат со проблематиката на трговијата со луѓе и последиците од оваа појава. 🧠💬

❤️ Со ваквите активности, Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово продолжува да придонесува кон информирање, едукација и заштита на младите од трговијата со луѓе. 🛡️🌍

🤝 Заедно за побезбедна иднина! ❤️

< врати се назад