мај 12, 2022
Одбележан 8-ми мај- Светски ден на Црвениот крст
На ден 12.05.2022 под мотото “Биди човечен” во склоп на Неделата на Црвениот крст, Црвен крст на Република Северна Македонија- Општинска организација Куманово го одбележа Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина.
![🎉](https://static.xx.fbcdn.net/images/emoji.php/v9/te5/1.5/16/1f389.png)
![🏥](https://static.xx.fbcdn.net/images/emoji.php/v9/td4/1.5/16/1f3e5.png)
![🍀](https://static.xx.fbcdn.net/images/emoji.php/v9/te0/1.5/16/1f340.png)
На настанот имаше поставено информативен штанд како и пункт за прва помош каде што нашите обучени волонтери на случајните заинтересирани минувачи им покажуваа најчести повреди кои што можат да се случат во секојдневието. Исто така беше поставено и пано со слики од нашите активности во текот на изминативе неколку месеци. На најмалите им се делеа балони
![🎈](https://static.xx.fbcdn.net/images/emoji.php/v9/t64/1.5/16/1f388.png)
од страна на наши волонтери, а исто така на граѓаните им се делеа флаери каде што на кратко беше објаснето како работи Црвен крст.
< врати се назад