март 16, 2021

Одбележан 8 март- интернационалниот ден на жената

Волонтерите на Црвен крст на РСМ- општинска организација Куманово го одбележаа 8 март- интернационалниот ден на жената со низа активности. Нашиот истакнат волонтер Ивана Стојановска одржа презентација за историјата и значењето на 8-ми март, за активистките за рамноправност на жените и мажите – Клара Цеткин и Роза Луксембург, феминизам и видови феминизам, дискусија за омилена женска личност. Освен тоа беше проследено и видео за историјата на борбата за женските права како и за најпознатите жени во историјата, науката, музиката и уметноста. Се спроведе и креативен дел каде младите волонтери изработија честитки и на 8-ми март им ги поделија на случајните минувачи-жени, во центарот на градот.

< врати се назад