декември 3, 2019
Одбележан 3 декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост
Волонтерите од општинската организација на Црвен крст Куманово заедно со стотина родители, деца и граѓани се приклучија на мирниот марш низ кумановските улици, заради поголема поддршка на лицата со пречки во развојот, по повод 3 декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост.
Маршот го организираше Дневниот центар за лица со попреченост „Порака наша“, социјален сервисен центар кој опстојува 13 години, а каде се сместени 21 корисник со умерена и тешка интелектуална попреченост над 18 годишна возраст.