
октомври 1, 2026
Од планинските врвови до врвот на хуманоста
Денес, 29 септември 2026 година, во просториите на Општинската организација на Црвен крст Куманово, се одржа крводарителска акција во организација на Планинарскиот спортски клуб „Поларис“ – Куманово. ![]()
![]()
Акцијата се реализираше во периодот од 10:00 до 15:00 часот, а на неа својата хуманост ја покажаа 23 крводарители. ![]()
Оваа акција уште еднаш покажа дека планинарскиот дух не се состои само во освојување на врвови, туку и во хуманост, солидарност и подадена рака кон оние на кои им е најпотребна. ![]()
![]()
Голема благодарност до сите крводарители кои денес одвоија дел од своето време и со својата хуманост придонесоа во оваа благородна акција. ![]()
Хуманоста е највисокиот врв што можеме да го освоиме! ![]()

















































