март 11, 2024
Обука за помош и нега на старите лица во домот
Црвен крст на Република Северна Македонија- Општинска организација Куманово на ден 06.03.2024 година започна со спроведување на обука Негувател/ка за помош и нега на стари лици на 15 невработени лица.
Обуката, која содржи теоретски и практичен дел ќе трае 2 месеци, а ќе се реализира во простории на Црвен крст Куманово, прилагодени и опремени со потребната опрема и помагала. Обуката ќе ја изведува наставен кадар-едукатори (доктор по медицина, медицинска сестра и социјален работник).
По успешно завршената обука кандидатите ќе се стекнат со соодветен меѓународно признат сертификат за Негувател/ка за помош и нега на стари лица.