октомври 10, 2025

ОБУКА ЗА НЕГУВАТЕЛИ ВО ОПШТИНА СТАРО НАГОРИЧАНЕ

Во рамките на Проектот за подобрување на социјалните услуги, поддржан од Светска банка и Министерството за труд и социјална политика (МТСП), се реализира сертифицирана обука за негуватели, на која активно учествуваат нагуватели од општина Старо Нагоричане.

Обуката има за цел јакнење на капацитетите за обезбедување квалитетна грижа и поддршка на стари лица и лица со попреченост, преку стекнување практични знаења и вештини за секојдневна нега, комуникација и социјална поддршка.

Обуката се спроведува во рамки на акредитирана програма, со практични и теоретски сесии во соодветен едукативен центар.

Во прилог се фотографии од тековните активности во рамки на обуката.

#СекадеЗаСекого

< врати се назад