јануари 16, 2024

Обука по прва помош на планинари од Планинарски спортски клуб “Поларис’

На ден 16.01.2024 година (вторник) со почеток од 18:00ч во просториите на Црвен крст Куманово се одржа обука по прва помош за 23 членови од Планинарски спортски клуб “Поларис’’.
Обуката беше спроведена од страна на демонстратор по прва помош и волонтер-асистент.  На обуката присутните имаа можност да го освежат своето знаење по прва помош, но и да се стекнат со нови практики и знаења по првата помош. Беа опфатени повреди како шинување на скочен зглоб, убод од инсекти, каснатини од животни, сомнителна повреда на вратен рбет, отворени/затворени скршеници, крварење, сончаница и хипотермија односно повреди кои најчесто можат да се случат при планинарење на долги и кратки рути. 
Голема благодарност до членовите на ПСК “Поларис’’ за нивниот интерес и за нивната вклученост во текот на целата обука. 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
< врати се назад