јуни 4, 2021

Обезбедување прва помош на првенство во планински велосипедизам

Волонтерите од Црвен крст на Р. С. Македонија – општинска организација Куманово веќе четврта година по ред учествуваат во обезбедување на првенството по планински велосипедизам кое се одржува на локалитетот Студена Вода во близина на Куманово. По тој повод волонтерите и вчера зедоа учество во обезбедување по прва помош на учесниците на трката по планински велосипедизам кое помина без сериозни повреди.

< врати се назад