септември 1, 2020

Обезбедување прва помош на натпревар во планински велоспидизам

 

На ден 30.08.2020 во организација на Крос Сајклинг- велосипедска федерација на Македонија, општина Куманово и сојуз на спортови Куманово се одржа натпревар во планински велоспидизам. На натпреварот учество земаа натрпеварувачи од повеќе возрасни категории и тоа до 13 години, кадети, јуниори, сениори, жени мастерс. Радува фактот што најмногу наптреварувачи имаше во категорија кадети кои се иднина на овој спорт. Натпреварот како и изминатите години беше организиран на едно завидно ниво со запазување на мерките во однос на пандемијата со Ковид 19, а шест члената екипа по прва помош од Црвен крст на Република Македонија- Општинска организација Куманово беше на висина на задачата и натпреварот помина без посериозни повреди.

 

 

< врати се назад