септември 1, 2020

Обезбедување прва помош на мотокрос трка

 

На ден 28.08.2020 година (петок) во Општина Старо Нагоричане се одржа мотокрос трка во рамките на Државнот шампионат во Ендуро, организирано од страна на Мото клуб СТОРМ РИДЕРС ТИМ, мотоциклистичката федерација на Македонија и општина Старо Нагоричане. Патеката на која се возеше беше во ЗАБЕЛ- Старо Нагоричане, а трасата исклучиво на земјен црн пат и околните ридови, и тоа 3 круга.
Црвен крст на Република Македонија- Општинска организација Куманово со четиричлена екипа по прва помош го обезбедуваше настанот. На трката учество земаа повеќе натпреварувачи чија подговеност беше на високо ниво. Екипата по прва помош беше на висина на задачата до доаѓање на екипите на брзата помош.

< врати се назад