февруари 10, 2020

Нов циклус на обуки за промоција на хумани вредности за младите од Куманово

На ден 31.01.2020 во просториите на општинската организација на Црвен крст Куманово се одржа првата од трите предвидени работилници за ученици од 14 – 17 годишна возраст на македонски наставен јазик, во рамките на новиот циклус ЦКА-ПХВ(Црвен крст во акција – промоција на хумани вредности) . Учениците имаа можност да научат за општествено – социјални проблематики, работа на проекти за подобрување на општествените состојби, работа во тим од врсници – ентузијасти, пакет обуки за менаџмент со проект и општествени промени како и менторство од искусни волонтери. Првата од три предвидени работилници ја водеше нашиот ЦКА – ПХВ дисеминатор професор Југослав Спасиќ.

 

 

 

 

< врати се назад