
Неформална дружба со волонтери од клубот на млади
На ден 22.06.2026 година, на Спомен костурница се одржа традиционална неформална дружба на волонтерите од Клубот на млади, со која беше одбележан крајот на успешната учебна и волонтерска година.
Во пријатна атмосфера исполнета со дружење, игри и убави спомени, младите уште еднаш го потврдија волонтерскиот дух што ги обединува. ![]()
Посебен момент од дружбата беше посветен на нашите волонтери – матуранти: Софија Јелена Ковачевска, Теа Јанковска, Лука Јосевски, Марко Бошковски, Марио Илиевски, Филип Петковски, Антонио Душановски, Лука Стошиќ и Ива Додевска, на кои им беа врачени симболични подароци како знак на благодарност за нивната долгогодишна посветеност, труд и несебичен придонес во активностите на Клубот на млади. ![]()
Особено сме горди што нашата волонтерка Ива Додевска оваа година го понесе признанието „Ученик на генерацијата“. Со својот исклучителен успех таа уште еднаш потврди дека посветеноста на образованието и активното волонтерство можат успешно да се надополнуваат, претставувајќи инспирација и пример за сите млади. ![]()
Црвен крст Куманово им посакува многу успех, среќа и исполнување на сите наши матуранти, со надеж дека хуманоста, солидарноста и волонтерскиот дух секогаш ќе бидат дел од нивниот животен пат.


< врати се назад











































