октомври 8, 2026

Недела на млади 1-7 октомври 2026 „И јас (можам да) сум волонтер

❤️ Во рамки на одбележувањето на Неделата на младите 2026, под мотото „И јас (можам да) сум волонтер“, Клубот на млади при Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово реализираше форум за млади наменет за дружење, поврзување и поттикнување на младите да се вклучат во волонтерските активности на Црвениот крст.

⏰Во периодот од 1 до 7 октомври, младите имаа можност да учествуваат во различни активности, меѓу кои забава за отворање на Неделата на младите, Форум на млади и Отворен ден, интерактивната игра „Племиња“ 🤝 , филмска вечер 🎬 и завршна „Слатка вечер“ 🍰 со откривање на „Secret Friend“ 🎁 .

🤝 Преку Форумот на млади и Отворениот ден, учесниците се запознаа поблиску со работата на Клубот на млади, младинските програми и можностите за волонтирање во Црвениот крст. Интерактивните и забавните активности овозможија младите да разменат искуства, да работат во тим и да стекнат нови познанства.

🎁 Во текот на сите седум дена се реализираше и активноста „Secret Friend“, преку која младите дополнително се дружеа, се поврзуваа и си подготвуваа симболични изненадувања.

🌟Преку реализираните активности, младите имаа можност да се дружат, да научат нешто ново, да се запознаат со работата на Црвениот крст и да направат чекор кон волонтерството. 🫶✨

Tags: , ,
< врати се назад