септември 22, 2022

Недела на борба против туберкулоза

Црвен крст на Република Северна Македонија- Општинска организација Куманово се приклучи кон одбележување на Неделата на борба против туберкулоза која се одбележува од 14-21 септември. На ден 22.09.2022 во OOУ “Христијан Карпош”, се одржа едукативно предавање за Превенција од Туберкулоза, под мотото “Време е за акција! Време е да се стави крај на туберкулозата!” на кое присуствуваа 35 ученици. Целта на оваа предавање беше да се едуцираат учениците за тоа што претставува болеста туберкулоза, кои се симптоми на болеста, како да се превенира и како да се лекува. Преку ова предавање ја подигаме јавната свест за важноста на општото здравје, социјалното и економско влијание на туберкулозата (ТБ) и да го поттикнеме забрзувањето на напорите за ставање крај на глобалната епидемија на ТБ.

< врати се назад