декември 22, 2023
Недела на борба против трговија со луѓе
Црвен крст на Република Северна Македонија– Општинска организација Куманово се вклучи во одбележување на Недела на борба против трговија со луѓе.
Во соработка со партнер Клуб на млади од Општинска организација Пробиштип на ден 21.12.2023 година во киносала ,,Рудар‘‘ се организираше хуманитарна филмска вечер на која се одржа проекција на краткометражниот филм ,,ТРГОВИЈА‘‘. ,,ТРГОВИЈА‘‘ е едукативен и мотивирачки филм кој ги искажува темите на издржливоста, семејството и нескротливиот човечки дух. Преку објективот на овој филм, се надеваме дека ќе ја подигнеме свеста за трговија со луѓе во нашата заедница и ќе поттикнеме клучни разговори за тоа како заедно да направиме разлика.
Присутните имаа можноост да се запознаат со тоа што претставува трговија со луѓе, како се дефинира истата, како младите стануваат жртви на трговија со луѓе, како и за видови и начини на функционирање на ланецот на трговија со луѓе.
Собраните средства од продажбата на билетите ќе бидат искористени за изработка на новогодишни пакетчиња кои ќе бидат наменети за деца од социјално загрозени семејства.