Недела на борба против шеќерна болест
Црвен крст на Република Македонија- општинска организација Куманово традиционално ја одбележува неделата на борба против шеќерна болест од 10-16 октомври 2019 под мотото “Здрав начин на живот и дијабет”.
По тој повод во соработка со Домот за стари лица Зафир Сајто Куманово на ден 15.10.2019 со почеток во 11 часот во нивните простории се оддржа едукативно предавање за шеќерна болест (Diabetes melitus). Предавањето го спроведе Д-р Арлинда Арифи и на истото присуствуваа околу 30 стари лица. Целта на предавањето беше да се подигне свеста за ризици од појава на шеќерна болест. Присутните имаа можност да се запознаат што значи шеќерна болест, типови на дијабет, симптоми и знаци, и како со здрави навики (правилна исхрана и физичка активност) може да се придонесе во превенција или нормализирање на шеќерот во крвта.