декември 12, 2024

Недела на борба против HIV/SIDA

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово, се приклучи кон одбележување на Неделата на борба против HIV/SIDA која се одбележува од 1-7 декември.

На ден 06.12.2024, во СОУ Гимназија „Гоце Делчев“, се одржа едукативно предавање за превенција од HIV/SIDA, под мотото „Заедно во борба против HIV/SIDA“, на кое присуствуваа 60 ученици.

Целта на ова предавање беше да се едуцираат учениците за тоа што претставува вирусот HIV, како се пренесува, кои се симптомите на болеста, како може да се превенира и како да се лекува. Преку ова предавање ја подигаме јавната свест за важноста на превенцијата, социјалното и економското влијание на HIV/SIDA и да го поттикнеме забрзувањето на напорите за ставање крај на глобалната епидемија на HIV.

< врати се назад