март 22, 2022

Мобилна гинеколошка амбуланта за жени од Општина Липково

👉Во пeриод од🗓 21.03.2022-01.04.2022 година, Црвен крст на РСМ- општинска организација Куманово презeде активности за да обезбеди поддршка за мобилниот тим на гинеколошка мобилна амбуланта во процесот на превенција и рана дијагноза на рак на грлото на матката за жените на територија на Општина Липково. ⛑Во овој период беа извршени гинеколошки ехо прегледи вклучувајќи и ПАП тест на 79 жени од Општина Липково. 🏣Работата на мобилните амбуланти е овозможена со поддршка на Министерството за здравство, Македонската асоцијација на гинеколози и опстетичари – МАГО, Македонското лекарско друштво, Црвениот крст и УНФПА – Фондот за население на Обединетите нации.

< врати се назад