јуни 19, 2022

Меморијален и хуманитарен турнир во баскет – 3×3

На ден 19.06.2022 на игралиште пред Спортската сала во Куманово, во период од 17:00 до 21:00 часот се одржа хуманитарен турнир во баскет – 3×3. Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово беше логистичка поддршка на настанот. 4 волонтери обучени по прва помош го обезбедуваа настанот. На неколку играчи им беше укажана прва помош, додека пак посериозни повреди немаше. Исто така на штанд на Црвен крст беа поставени касички за донации на парични средства кои ќе бидат наменети за најранливите категории на граѓани

< врати се назад