јули 15, 2022

Летна крводарителска акција

На ден 14.07.2022 (четврток) Црвен крст на Република Северна Македонија- општинска организација Куманово заедно со Институтот за трансфузиона медицина во Хотел Солун спроведе летна крводарителска акција. Акцијата траеше од 09-15 часот и истата беше посетена од Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски како и претседателката на Советот на Општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска кои дадоа придонес на акцијата и притоа даруваа крв. Својата хуманост на дело ја покажаа вкупно 30 крводарители.

< врати се назад