август 23, 2023

Летен младински камп

Во период од 17-20.08.2023 во Планинарски дом с. Длабочица се одржа летен младински камп на кој присуствуваа 30 волонтери. Кампот беше на тема „Клуб на млади- Лидерски вештини“ и истиот имаше за цел надградба на волонтерските капацитети преку едукативни работилници и предавања. На кампот покрај волонтери од Општинска организација на Црвен крст Куманово, присуствуваа и волонтери од Општинска организација на Црвен крст Крива Паланка. Волонтерите на кампот имаа можност да ги истакнат своите лидерски вештини и да ја подобрат својата тимска работа преку тим билдинг игри и вежби. Кампот беше поддржан од повеќе локални општествено одговорни претпријатија и граѓани и следниве спонзори: Општина Куманово, ЗПЗП Козјак, хотел „Куманово Спа“, Кланица БДА Компани, Млекара Бучен Козјак, Пекара 120-ка, Елида маркети, Хуманитарна организација „Дарио Петровски“.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
+3
 
 
 
< врати се назад