јуни 9, 2026

КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА

По повод 14-ти јуни- Светски ден на крводарителството

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово, во соработка со Движење ЗНАМ за наша Македонија – Куманово , Ве покануваат да бидете дел од хуманата мисија за спасување човечки животи.

📅 Датум: 12.06.2026 (петок)

⏰ Време: 10:00 – 15:00 часот

📍 Локација: Хотел Солун

Секоја дарувана единица крв може да помогне и да спаси повеќе животи. Со само неколку минути од Вашето време можете да направите огромна разлика за некого кому помошта му е најпотребна.

Движење ЗНАМ за наша Македонија и Црвен крст заедно испраќаат порака:

„Дарувај крв – биди дел од најважниот тим!“

Ве очекуваме да ја покажеме хуманоста на дело!

Tags:
< врати се назад