октомври 26, 2026

Крводарителска акција во ОСТУ „Наце Буѓони“

📅 На ден 08.10.2026 во периодот од 13:00 до 17:00 часот ⏰, во просториите на ОСТУ „Наце Буѓони“ – Куманово 🏫, се одржа крводарителска акција организирана од Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово 🤝, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина 🩸.

На акцијата својата хуманост ја покажаа 23 крводарители ❤️🩸, кои даруваа крв и со тоа дадоа свој придонес во обезбедувањето на потребните количества крв за оние на кои им е најпотребна. 🙏

🌟 Голема благодарност до сите крводарители кои ја покажаа својата хуманост ❤️, како и до сите кои придонесоа оваа акција да биде успешно реализирана. 🤝👏

🩸❤️ Дарувај крв – подари живот! ❤️🩸

Tags:
< врати се назад