
мај 23, 2025
Крводарителска акција во ООУ,,Крсте Мисирков‘‘ Куманово
На ден 23.05.2025 година (петок) Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово заедно со Институтот за трансфузиона медицина спроведе крводарителска акција. Акцијата се оддржа во просториите на Основното училиште Крсте Мисирков – мала сала, во чест на празникот 24 Мај Ден на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј.
Акцијата траеше од 10:00 – 15:00 часот, а својата хуманост на дело ја покажаа 33 крводарители. Се надеваме оваа акција ќе стане традиционална за училиштето и во иднина ќе имаме што поголем број крводарувања.




