
мај 14, 2026
Крводарителска акција во Модуларна болница Куманово
На ден 12.05.2026 година, во периодот од 11:00 до 15:00 часот, Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово, во соработка со
Институтот за трансфузиона медицина, реализираше крводарителска акција во Модуларната болница во Куманово.
Благодарение на хуманоста и одговорноста на Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки од Куманово, беа реализирани 26 крводарувања, со што се даде значаен придонес во обезбедување на потребните крвни резерви.
Дарувај крв – спаси живот!

















































