
јуни 2, 2025
Крводарителска акција во Карго Солутион Куманово
На ден 30.05.2025 година (петок) Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово заедно со Институтот за трансфузиона медицина спроведе крводарителска акција, организирана од страна на Карго Солутион. Акцијата се одржа во просториите на фирмата и траеше од 10:00 до 14:00 часот.
Дел од оваа хуманитарна иницијатива беа 18 крводарители кои ја покажаа својата хуманост и солидарност. Оваа акција се спроведува по првпат и се надеваме дека ќе стане традиционална, со се поголем број на учесници и крводарувања од страна на вработените во иднина.




