февруари 3, 2026

Крводарителска акција со Риболовното здружение „МАК-ДАМ“ Куманово

На ден 29.01.2026 година, Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово реализира крводарителска акција во соработка со Риболовното здружение „МАК-ДАМ“.

Изразуваме искрена благодарност за долгогодишната соработка, како и посебна благодарност за одличната организација на самата крводарителска акција.

Членовите на здружението уште еднаш ја покажуваат својата хуманост и подготвеност да придонесат во обезбедување крв за оние на кои им е најпотребна.

Бројот на реализирани крводарувања e 1️⃣2️⃣3️⃣.

< врати се назад