февруари 22, 2025

Крводарителска акција – „Мерхамет“ – Куманово

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово во соработка со невладината организација Мерхамет и Институтот за трансфузиона медицина на ден 22.02.2025 (сабота) од 09 – 14 часот организираше крводарителска акција. Акцијата беше спроведена во просториите на невладината организација. Граѓаните уште еднаш ја покажаа својата хуманост на дело и притоа беа собрани 12 крвни единици.

< врати се назад