октомври 8, 2026

КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА

На ден 05.10.2026 година од 13:00 до 17:00 часот, во просториите на СОУ „Гимназија Гоце Делчев“ – Куманово, се реализираше крводарителска акција, организирана од страна на Црвен крст – Општинска организација Куманово и Институтот за трансфузиона медицина. 🩸🤝

На акцијата својата хуманост и солидарност ја покажаа 13 крводарители, кои со својот благороден чин помогнаа да се спасат човечки животи. ❤️

Голема благодарност до сите крводарители за нивната хуманост, како и до сите кои придонесоа оваа акција да биде реализирана! 👏❤️

🩸 Дари крв – подари живот! ❤️

🤝 Хуманоста нема граници! 🌟

Tags:
< врати се назад