февруари 2, 2023

Kрводарителска акција со Риболовното здружение МАК-ДАМ Куманово

Црвен крст на Република Северна Македонија- Општинска организација Куманово во соработка со Риболовното здружение МАК-ДАМ на ден 02.02.2023 (четврток) од 09-16 часот организираше крводарителска акција. Акцијата која традиционално се организира по десетти пат се одржа во Центарот за култура “Трајко Прокопиев”. Членовите од здружението уште еднаш ја покажаа својата хуманост на дело и притоа беа собрани рекордни 112 крвни единици.

< врати се назад