мај 8, 2023
Крводарителска акција
Црвен крст на Република Северна Македонија – општинска организација Куманово во соработка со Општина Липково на ден 05.05.2023 година (петок) од 9-13 часот организираше крводарителска акција во СОУ ,,Исмет Јашари” с. Липково.
На истата беа собрани 20 крвни единици што претставува голем успех. Се надеваме дека во иднина ќе продолжи соработката и ќе се зголеми бројот на крводарители во регионот на селата од општина Липково.
Во соработка со ЈЗУ Здравствен Дом Липково се организираше и акција на која на 50 граѓани им беше извршено мерење на шеќер во крвта и крвен притисок, но исто така добија и совети за заштита од превенција од шеќерната болест, како и им се укажа на тоа што треба да превземат за да го нормализираат.