![](https://crvenkrst-kumanovo.org.mk/wp-content/uploads/2022/06/277347589_3539470479509912_4264143885984107527_n-1000x560.jpg)
март 3, 2022
Караван за вакцинација во Општина Куманово
Волонтерите на Црвен крст на РСМ- општинска организација Куманово се приклучија на Караванот за Вакцинација против Ковид 19 кој се одржа на
27 март (недела) од
11:00-15:00 часот на Градскиот плоштад во Куманово. Ден претходно волонтерите на најфреквентните улици во градот поделија информативни флаери, а на денот на караванот пружија административна поддршка ( поддршка во пополнување на прашалници и формулари ).
Караванот за вакцинација беше организиран од Министерството за здравство, со поддршка од УСАИД, СЗО и УНИЦЕФ .