декември 19, 2023

Кампања „Биди Храбра, направи Прав избор, Вакцинирај се“

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово во рамките на проектот „Биди Храбра, направи Прав избор, Вакцинирај се“ финансиран од страна на Општина Куманово, започна со спроведување на едукативни предавања во основните училишта со цел мотивирање на децата да се вакцинират против ХПВ (хуман папилома вирус) која е важна за заштита на здравјето на детето и спречување на сериозни болести. 
Имено, до крајот на годината ќе бидат посетени сите основни училишта кои ги опфаќа Општина Куманово, а истите предавања се спроведуваат од страна на гинеколог д-р Лидија Јовчевска и обучен предавач – волонтер Никол Ѓорѓевска. 
Целта на самиот проект е поттикнување на младите и нивните родители во што е можно поголем број да се вакцинираат, а воедно и заштитат од овој вирус.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
< врати се назад