јуни 12, 2026

Јавен повик

ЈАВЕН ПОВИК

за пријавување на корисници на услугата „Помош и нега во домот“

Општинската организација на Црвен крст Куманово, како лиценциран давател на социјалната услуга „Помош и нега во домот“, ги повикува сите стари, изнемоштени лица и лица со намален функционален капацитет од Општина Старо Нагоричане на кои им е потребна помош во секојдневното функционирање, да се пријават за користење на услугата.

Услугата „Помош и нега во домот“ ќе се спроведува на територијата на Општина Старо Нагоричане и е поддржана од Министерството за социјална политика, демографија и млади и Светска банка, во рамки на развојот на социјалните услуги во заедницата.

„ЗАЕДНО СЕ ГРИЖИМЕ“

Право на користење на услугата имаат лица кои:

• се на возраст над 65 години;

• живеат сами или во домаќинства со ограничена можност за грижа и поддршка;

• имаат намалена подвижност, хронични заболувања или здравствени состојби кои го отежнуваат самостојното извршување на секојдневните активности;

• имаат потреба од поддршка за одржување на лична хигиена, хигиена на домот, набавка на намирници и лекови, придружба до здравствени установи и други активности од секојдневниот живот.

Услугата ја обезбедуваат обучени и сертифицирани негователи кои ќе обезбедуваат поддршка согласно индивидуалните потреби на корисниците.

Заинтересираните лица или членови на нивните семејства можат да се информираат за користење на услугата во просториите на Општинската организација на Црвен крст Куманово или во архивата на Општина Старо Нагоричане.

По поднесувањето на барањето ќе биде извршена проценка на потребите на кандидатите согласно утврдените критериуми за користење на услугата.

За дополнителни информации заинтересираните лица можат да се обратат во Општинската организација на Црвен крст Куманово на телефон 031/424-179 или лично во просториите на организацијата.

Општинска организација на Црвен крст Куманово

Давател на услугата „Помош и нега во домот“

Tags:
< врати се назад