октомври 8, 2026

Хуманоста е најголемата сила

На ден 07.10.2026 година во касарната „Боро Менков“ – Куманово, во периодот од 09:00 до 14:00 часот, се реализираше крводарителска акција. 🩸

На акцијата се одзваа припадници на Армијата на Република Северна Македонија, а својата хуманост ја покажаа 48 крводарители. 👏🇲🇰

Крводарувањето е благороден и хуман чин со кој можеме да спасиме човечки живот. ❤️ Секој дарувач е пример за солидарност, одговорност и грижа за другите.

Со ваквите активности, припадниците на АРСМ уште еднаш покажуваат дека силата не е само во униформата, туку и во хуманоста и подготвеноста да се помогне. 🤝🩸

Благодарност до сите крводарители! ❤️

Вашата крв може да значи нечиј нов почеток. 🩸🙏

Tags:
< врати се назад