јули 19, 2023

Хуманитарно летно кино

На ден 18.07.2023 година, волонтерите од Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово во рамки на летната програма за млади, а во соработка со Центар за интеркултурен дијалог Куманово, организираа хуманитарно летно кино. Настанот се одвиваше во училишниот двор на ООУ „Вук Караџиќ“ Куманово. 
На самото место беше поставен штанд со пуканки, а филмот кој што се прикажуваше беше „50 first dates“ кој што беше избран од самата публика преку гласање. 
Целта на самиот настанот покрај забава на граѓаните и организирање на нешто што досега во нашиот град немало, беше и собирање на парични средства кои ќе бидат наменети за лекување на нашата мала сограѓанка Теодосија. 
Хуманитарното летно кино го посетија неверојатен број на посетители кои уште еднаш ја покажаа својата хуманост на дело и ја имаа можноста преку оставање на свој отисок од прст на платно да учествуваат во подарокот кој што ќе и биде подарен на Теодосија. 
Голема благодарност до ЦИД за соработката, до ООУ “Вук Караџиќ” Куманово што ни овозможија филмот да се прикажува во нивниот училишен двор, како и до сите Вас – посетители кои присуствувавте на самиот настан. 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
+14
 
 
 
 
< врати се назад