септември 20, 2023

Хуманитарно летно кино

Како резултат на неверојатната посетеност и заинтересираност на првото хуманитарно летно кино, волонтерите од Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово во соработка со Центар за интеркултурен дијалог Куманово, на ден 18.09.2023 година повторно организираа уште едно хуманитарно летно кино. 
Настанот се одвиваше во училишниот двор на ООУ „Вук Караџиќ“ Куманово, а целта на истиот покрај забава на граѓаните и убаво поминато време, беше и собирање на парични средства кои ќе бидат наменети за лекување на нашата мала сограѓанка Јована. На самото место беше поставен штанд на кој посетителите ја имаа можноста на платно да остават свој отисок од прст и да добијат стикер и бонбони, а филмот кој што се прикажуваше беше „The spy next door“ прикладен за сите генерации. 
Со тоа, волонтерите ја завршија летната сезона на кино, а оваа традиција ќе продолжи и во иднина во форма на зимско хуманитарно кино. 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
< врати се назад