ноември 9, 2026

Хуманитарна крводарителска акција – навивачка група Кумани

Солидарноста и хуманоста на дело : Членовите на навивачката група „Кумани“ уште еднаш ја покажаа својата хумана страна! 💪

​🩸 Денеска, во просториите на Боксерската сала во склоп на Спортската сала во Куманово, во периодот од 11:00 до 16:00 часот, се одржа хуманитарна крводарителска акција во организација на Црвениот крст – Општинска организација Куманово, Институтот за трансфузиона медицина и навивачката група „Кумани“.

​💪 На акцијата својата хуманост ја покажаа голем број хумани граѓани и членови на навивачката група, при што беа собрани вкупно 30 единици крв.

​🔴 Навивачката група „Кумани“ повторно покажа дека нивната верност и љубов кон Куманово не се гледаат само на спортските трибини, туку и преку хуманитарни дела. Со оваа акција, тие уште еднаш потврдија дека навивачкиот дух носи со себе огромна енергија за добра волја, солидарност и заедништво 🤝. Нивниот одзив и организираност испратија силна порака — дека да се биде дел од трибината значи и да се биде поддршка за оние на кои им е најпотребно 🌟.

Tags:
< врати се назад