март 31, 2024

Хуманитарен турнир во мал фудбал

Во рамките на програмата ЦКА-ПХВ 2024 во склоп на проектот “Парцела на среќа”  во период од 29-31.03.2024 година во Спортски Комплекс Соколана се одржа турнир во мал фудбал на кој учество зедоа 18 екипи. 
Прво место го освои екипата CarWash Vima,  второ место го освои екипата Твинс Петрол и  трето место го освои екипата Реал.
На првите три места им беше доделен пехар, а на сите екипи кои зедоа учество им беа доделени благодарници. Собраните средства од хуманитарниот турнир ќе бидат наменети за обезбедување на мебел и реновирање на две соби на семејство Максимовски. Ви се заблагодаруваме на сите екипи кои зедовте учество во овој хуманитарен турнир и на публиката која беше присутна во огромна бројка сите три дена, со вашето учество и присуство вие придонесовте проектот да биде одржлив.  Исто така би сакале да се заблагодариме и до судиите кои дадоа свој придонес преку фер судење на самите натпревари. Голема благодарност и до Елида маркет за нивната несебична донација со 50 пакети вода, како и до Фото плус Куманово и Микрографикс за нивните донации од благодарници.
Се гледаме во следна хумана мисија!
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
< врати се назад