септември 28, 2021

Граѓанска крводарителска акција

На ден 21.09.2021 Црвен крст на РСМ- општинска организација Куманово заедно со Институтот за трансфузиона медицина во Центарот за култура “Трајко Прокопиев” спроведе граѓанска крводарителска акција. За време на акцијата која траеше од 09-15 часот беа испочитувани здравствените протоколи со цел превенција од КОВИД-19, а својата хуманост на дело ја покажаа 54 крводарители.

< врати се назад