декември 30, 2023

Годишен состанок и новогодишна забава за волонтери

На ден 29.12.2023 година во просториите на Црвен крст Куманово се одржа годишен состанок и новогодишна забава за волонтерите од Клубот на млади при ООЦК Куманово. На состанокот присуствуваа 35 волонтери.
Преку кратка презентација волонтерите се навратија во текот на целата 2023 година и имаа можност да ги погледнат активностите кои што беа реализирани, како и можност да се присетат на сите заеднички убави моменти. 
На состанокот исто така беа прогласени волонтери на месец (јануари-декември).
🤍 Волонтер на месец јануари: Маја Анѓеловска
🩵 Волонтер на месец февруари: Лана Јовановиќ
💙 Волонтер на месец март: Ивана Станојковска
💜 Волонтер на месец април: Мишел Ѓорѓевска
💚 Волонтер на месец мај: Илина Станковиќ
💛 Волонтер на месец јуни: Анѓела Филиповиќ
❤️ Волонтер на месец јули: Марија Маневска
💛 Волонтер на месец август: Антонио Душановски
🧡 Волонтер на месец септември: Елена Стефановска
❤️ Волонтер на месец октомври: Теодора Николовска
💜 Волонтер на месец ноември: Валентина Маневска
🤍 Волонтер на месец декември: Лина Стојмановска
❤️ За волонтер на 2023 година од страна на Клубот на млади Куманово беше изберена Тамара Бошковска.
Честитки до сите волонтери и голема благодарност за вложениот труд и нивните волонтерски часови.
По состанокот волонтерите играа “Secret Santa” каде што си разменуваа подароци меѓусебе и со тоа ја започнаа новогодишната забава. 
Ви благодариме волонтери за уште една успешна година.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
< врати се назад